Роден во Скопје на 01.01.1952, од мајка Македонка и татко Италијанец. Школување и вработување во управата на градот и стручност во кариерата секогаш поврзан со музиката.
Од раната младост и љубовта кон гитарата, се занимава со музиката во националните ресторани, како спој на балканскиот мелос и италијанската музика од Калабрија.
Свирел на сите простори на бившата Југославија со различни оркестри. Во Скопје многу години настапувал во рестораните каде се негува убава акустична музика, во пријатен амбиент и звуците на македонската народна песна, српската и хрватската староградска песна, италијанската музика од сите времиња, како и прекрасните светски хитови од минатиот век.


 

 

 



Љубовта кон музиката и гитарата е фамилијарно обележје на Бенедети:
таткото Алберто и братот Валентино, многу попознат како композитор, кантавтор, пејач и музичар професионалец кој сега живее во Виена (Австрија).
Во големото искуство, треба да се спомне и преминот од електрична гитара Gibson на квалитетна акустична гитара Washburn, бидејќи различни видови музика имаат свои барања.
И понатаму се занимава со сите типови јавни настапи во ексклузивни скопски ресторани каде што доаѓаат љубители на убавата песна и убавата музика.


 

 

 



За повеќе информации ве молиме обратете се преку email.

© 2010 Antonio Benedetti